Правила и услови за употреба на clenovi.iorrm.org.mk
Со самата најава на https://clenovi.iorrm.org.mk/login платформата се смета дека ги прифаќате правилата и условите за користење на платформата.
clenovi.iorrm.org.mk е платформа која ги поврзува меѓусебно овластените ревизори, членови на ИОРРМ, како и платформа која нуди побрза и полесна достапност и размена на информации помеѓу членовите и ИОРРМ.
Дефиниции на често користени поими и изрази
Под Корисник на платформата се смета секое физичко лице, овластен ревизор – член на ИОРРМ, запишано во Регистарот на овластени ревизори на ИОРРМ кое ја користи платформата со цел остварување на своите права и обврски кои произлегуваат од Законот за ревизија.
Под лични податоци се подразбираат податоци и информации кои што се однесуваат на идентитетот на физичкото лице или физичко лице кое може да се идентификува, а чии што лични податоци се заштитени со одредбите од Законот за заштита на личните податоци.
Правила за регистрација во clenovi.iorrm.org.mk
За да може да ја користи платформата clenovi.iorrm.org.mk, корисникот, потребно е да креира кориснички профил и на тој начин се регистрира на платформата.
Корисникот може да го користи профилот исклучиво за информирање, комуникација и остварување други права и обврски кон ИОРРМ кои произлегуваат од Законот за ревизија.
Доколку корисникот го користи својот профил за некоја друга цел, спротивна од онаа за која е наменета платформата, (на пр. промоција и продажба на производи и сл.) ИОРРМ ќе го блокира профилот и истиот ќе го отстрани од платформата.
Правила кои се однесуваат на корисниците
За да може да ја користи платформата clenovi.iorrm.org.mk, корисникот потребно е да креира кориснички профил и на тој начин се регистрира на платформата. Корисниците на својот профил доброволно внесуваат податоци за име и презиме, адреса на живеење, телефон, адреса за е-пошта, лозинка, назив на компанија и слично.
Корисниците кои се регистрирани на платформата можат во секое време да поставуваат објави, да следат евиденција на посетеност на КПУ настани, да пребаруваат по содржините објавени за членовите на ИОРРМ и слично.
ИОРРРМ може да ја модифицира содржината на објавите или да направи измени во смисла на поправање на правописни грешки, може да ја избрише објавата доколку истата е нецелосна, содржи навредливи, несоодветни, неморални или дискриминирачки содржини кои се спротивни на Уставот и законите во РСМ, како и доколку со објавата се врши самопромоција/ промоција на компанија или физичко лице.
Заштита на личните податоци
По извршената регистрација и активирање на корисничкиот профил, корисниците во дадените формулари доброволно внесуваат одредени лични идентификациски податоци.
Со користењето на clenovi.iorrm.org.mk платформата односно со самото креирање на корисничкиот профил, корисниците даваат согласност да се собираат и обработуваат нивните лични податоци.
Внесените лични податоци од страна на корисниците (на пр. име и презиме, адреса за е-пошта, лозинка, образование, вработување и слично), се видливи за одговорно лице вработено во ИОРРМ и администраторот на платформата.
Во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци, дадената согласност за собирање и обработка на личните податоци се дава исклучиво со цел остварување на правата и обврските кои произлегуваат од Законот за ревизија и истите неможе да се употребат за друга цел. Употребата на личните податоците за било која друга цел (копирање, дистрибуција и друго) без согласност дадена од корисникот на платформата е строго забранета и за истата ИОРРМ ќе ги извести сите надлежни институции со цел да се превземат соодветни мерки.
Корисниците можат во било кој момент да ја повлечат дадената согласност за собирање и обработка на нивните лични податоци односно да побараат деактивирање на својот кориснички профил, без никакво дополнително објаснување.
Одговорност за точноста на податоците
ИОРРРМ не е одговорен, ниту пак гарантира за точноста на внесените лични податоци, контакти, квалификации, карактеристики и сите останати информации наведени од страна на корисниците, како и податоците наведени во содржините објавени од страна на корисниците.
ИОРРМ не е одговорен за нанесување на било каква штета на корисниците, што би можела да им се нанесе со злоупотреба на објавените содржини направена од страна на друг корисник или трети лица. Со самото користење на платформата, корисниците се одрекуваат од барање на било каков надомест за штета, материјална или нематеријална.
Авторски права
Дизајнот и содржината на clenovi.iorrm.org.mk се авторско дело и се во сопственост на ИОРРМ.
Измена на правилата и условите за употреба
ИОРРМ го задржува правото да ги менува и дополнува условите и правилата на употреба, во кое било време и секоја измена влегува во сила веднаш по нејзиното објавување на нашата веб страна. Понатамошниот пристап и користење на платформата по објавените измени значи дека корисникот ги прифаќа истите.